Давид Бабунски е промовиран во нов фудбалер на романскиот прволигаш Виторул Констанца. 26-годишникот со романскиот клуб потпиша две и пол годишен договор. Изминатите две сезони Бабунски исто така беше дел од романскиот шампионат Боташани во кој запиша 14 лигашки настапи.
Покрај Ботошани, Бабунски во кариерата настапуваше и за Омија Ардија, Јокохама, Црвена Звезда, а кариерата ја почна во школата на Барселона „Ла Масија“. Виторул Констанца по 15 одиграни мечеви во Првата романска лига моментално се наоѓа на шестата позиција со 20 освоени бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

