Давид Бабунски: Среќен сум што повторно сум со оваа репрезентација

ЕКИПА во Гибралтар

Давид Бабунски повторно доби можност за настап во националниот тим. По оние 30 минути во Бугарија, Давид повторно со игра и во второто полувреме на гостувањето во победата од 0-2 во Гибралтар.

Бабунски го нагласува задоволството што повторно е со момците од репрезентацијата, верувајќи дека Македонија во иднина ја очекуваат уште многу успеси.

„Нема да се повторувам со соиграчите, но секако се согласувам дека победата од ова гостување е најважна затоа што теренот за игра и условите воопшто на овој стадион се навистина лоши. Но, успеавме во планираното да заминеме од тука со трите бода“ – вели Бабунски и дополнува:

„Задоволство ми е што повторно сум во репрезентацијата. Добро ги познавам сите соиграчи и нема апсолутно никаков проблем во адаптацијата и околу барањата со селекторот со кого долго соработувавме и во младата репрезентација. Милевски е тренер кој умее да го извлече најдоброто од мене. Гибралтар е зад нас, а сега максимално се фокусираме на дуелот со Грузија каде исто така ќе атакуваме на победа“.

Се вчитува...