Голманот на младата македонска ракометна репрезентација, Давид Брестовац замина од екипата на Котбус. Германскиот тим се поздрави со македонскиот чувар на мрежата, откако не успеале да се договорат за нов договор.
Давид Брестовац е син на поранешниот македонски репрезентативен голман Данило Брестовац кој подоцна беше и селектор на Македонија, а во моментов е тренер на екипата на Ал Араби од Катар.
Во моментов Давид Брестовац е со младата репрезентација на Македонија на Европското првенство во Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА