„Давид де Хеа се уште е чудовиште“

Шпанскиот голман Давид де Хеа потсети на своите најдобри денови на вчерашниот натпревар помеѓу Фиорентина и Милан во кој со два одбранети пенали ги предводеше „виолетовите“ до одбрана на домашниот терен и значаен триумф во сезоната.

За одличниот настап пофалби доби и од тренерот Рафаеле Паладино кој вели дека тој се уште е од врвна класа.

„Верувајте ми, тој се уште е чудовиште. Тој е врвен голман, светска класа. Можеме да видиме дека е вистински шампион. Треба да му се заблагодаруваме секој ден, тој е одличен голман и вистински пример”, вели Паладино.

Се вчитува...