Давид Дејвис: Се враќаме во Келн како шампиони, тоа воопшто не е лесна работа

Малкумина се оние што го почувствувале возбудата по неколку пати да бидат дел од завршницата во Лигата на шампионите и тоа во различни улоги. Еден од ретките среќници е помошникот на Раул Гонзалес, Давид Дејвис кој како играч настапи на првите три изданија на Ф4 турнирот во Келн со екипите на Сиудад Реал и на Атлетико Мадрид. Лани се врати во Келн и со Вардар ја освои шампионската титукла, а Шпанецот е уникатен по тоа што во својата тренерска кариера има и еден настап на женскиот Ф4 турнир во Будимпешта со екипата на ЖРК Вардар.

Вардар викендов ќе ја брани европската титула во ЛШ, во улога сам против трите француски екипи. Македонскиот првак ја има историска шанса да стане првиот шампион што ја одбранил титулата од воведувањето на Ф4 форматот во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Чувството е одлично кога си блиску до нешто што не го направил никој претходно. Ние веќе направивме одлична работа со тоа што повторно се враќаме во Келн, тоа е тешко да се постигне. Вие сте таму каде што секој сака да биде, на настанот кој од година во година е се подобар. Се радуваме на ова враќање во Келн“ – вели Давид Дејвис во интервјуто за „Stregspiller.com“.

Прва пречка за Вардар во одбраната на титулата на Ф4 турнирот во Келн, ќе биде тимот на Монпелје, еден од трите француски екипи што уччествуваат што годинава заедно со „црвено-црните“ ќе се борат за титулата во ЛШ. Дејвис во оваа улога на Вардар не гледа притисок туку предизвик. Она што ќе биде дополнителна мотивација за „црвено-црните“ е и фактот дека за многумина од актуелниот состав вклучувајчи го и тренерот Раул Гонзалес и неговиот помошник, ова ќе биде последен настап во Келн со Вардар.

Среќни сме и горди за сето она што го направивме во оваа сезона. Играчите беа фантастични и даваа 100 проценти и покрај проблемите во клубот и размислуваа само за тоа како да се победи во следниот натпревар. Мора да им  се заблагодариме на играчите и на сите кои работат во клубот бидејќи ова беше тешка сезона за сите“ – истакнува Дејвис кој по завршувањето на сезоната со Вардар ја преземе селекторската функција во репрезентацијата на Египет.

Покрај Вардар на Ф4 турнирот во Келн годинава ќе настапат три француски екипи – Монпелје, ПСЖ и Нант. И додека за ракометната јавност тоа беше своевидно изненадување, за Дејвис е резултат на ракометниот подем во Франција.

Ние ќе бидеме единствената не-француска екипа на овој Ф4 и плус бранители на титулата. Француската лига направи одлична работа, на теренот, со контролата на буџетот, во маркетингот и во соработката со медиумите. Кога успешно ќе ги споиш сите овие работи, тогаш завршуваш со три екипи на Ф4! Франција стана шпопуларно место за играње и јас само би им честитал на одлично завршената работа“  – вели Давид Дејвис.

Во првото полуфинале во „Ланксес Арена“ ќе играат ПСЖ и Нант како дебитантот на Ф4, а втората полуфинална пресметка е меѓу двата шампиони – актуелниот Вардар и Монпелје кој ја освои ЛШ во 2003 година.

Се вчитува...