Давид Гофан со скалпот на Ѓоковиќ во Монте Карло

Белгискиот тенисер Давод Гофан направи големо изненадување на турнирот во Монте Карло, совладувајќи го вториот носител, Србинот Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови. Тој се пласира во полуфиналето каде ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Диего Себастијан Шварцман.

Гофан одлично го почна мечот и првиот сет го доби со 6-2. Ѓоковиќ успеа да ја подобри својата игра во вториот сет и возврати со 6-3 во гемови, а потоа се играше интересен трет сет. Белгиецот имаше повеќе нерви и сили во завршницата и успеа да го комплетира мечот добивајќи го третиот сет со 7-5 во гемови.

 

Се вчитува...