Давид Луиз го продолжи договорот со Челси

По одличниот настап и пласманот во финалето во Лигата на Европа, раководството на Челси реши да му го продолжи договорот на бразилскиот интернационалец Давид Луиз.

Договорот ќе биде продолжен до 2021 година, бидејќи од лондонскиот клуб се соочуват со забрана за реализирање трансфери во следните два трансфер периода, но и поради проблемот со повредени фудбалери кој го има Сари во одбраната.

Луиз во 2011 година, пристигна од редовите на Бенфика. Во 2014. премина во ПСЖ каде по две поминати сезони, одлучи да се врати на „Стемфорд Бриџ“. Во дресот на Челси, Бразилецот запиша 159 настапи, на кои постигна 11 гола, а се радуваше на титулите во Премиер-лигата, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ФА купот.

Се вчитува...