Давид Луиз се враќа во Бразил (ФОТО)

Давид Луиз богатата кариера ќе ја продолжи во славниот клуб од Рио де Жанеиро, Фламенго откако успеа да се договори со тимот до декември 2022 година, потврди добро упатниот Фабрицио Романо.

Искусниот 34-годишен стопер беше без ангажман откако му заврши договорот со Арсенал, а овој потег воедно значи и враќање на Бразилецот во својата татковина по 2007 година кога од редовите на Виторија премина во Бенфика. По успешните настапи за португалскиот клуб следеше трансфер во Челси и ПСЖ.

Се вчитува...