Со фантастичен сет ап и подготвеност од страна на организацијата АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес се одржа втората трка на тркачката патека во Гробник, Хрватска.
Повторно брилијантен – првото место на подиумот му припадна на Давид Малинковски со време од 02:02.460, второто место на Владимир Тренески со 02:02.442, додека пак трет пласман – Марко Блажевски со 02:05.152.
Давид Малинковски го делеа неколку метри до освојување на првата победа во Twingo Cup, но на последната делница пред целта на Гробник во мешаницата од возила не успеа да се снајде и заврши како четвртопласиран. Toj по вторпат сезонава завршува како четвртопласиран во генерален пласман.
Пласманите на останатите Twingo CUP натпреварувачи се следните:Мартин Костовски (21), Ангелче Стојковски (22) Зоран Мираковски (20) додека пак Слободан Трајковски не ја заврши трката.
До крајот на годината планирани се најмалку уште две трки на Twingo CUP на Европските автодроми. На следниот линк може да ги погледнете двете трки од Twingo CUP викендот во Гробник: https://www.youtube.com/watch?v=y864VXkmMUw&t=3252s
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА