Македонскиот репрезентативен голман Давид Митов Нилсон, по пауза од цели 15 месеци поради повреда, конечно се врати на голот на шведскиот Норчепинг на еден официјален натпревар.
26-годишниот Митов-Нилсон „нижејќи“ две едноподруго повреди беше оддалечен од терените цели 15 месеци, за да сега се врати на голот на Норчепинг на натпреварот против литванскиот Тракаи во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.
Митов-Нилсон се најде од првата минута во дресот на Норчепинг, на дуелот на домашен терен, кој заврши со победа на Швеѓаните од 2-1.
Norrkoping (Swe) 2-1 Trakai (Ltu) 13.07.2017 by Football–Live
Претходно, последен пат македонскиот репрезентативец официјален натпревар имаше на 22. април 2016 година кога настапи за Норчепинг против Фалкенберг во шведскиот шампионат. Митов-Нилсон сега се очекува да биде во комбинација и за враќање во репрезентативниот дрес за септемвриските квалификациски дуели за пласман на СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА