Давид Нерес во Ајакс до 2023 година

Холандскиот првак Ајакс успеа да го задржи бразилскиот интернационалец Давид Нерес во тимот до 2023 година. Тој потпиша нов четиригодишен договор со клубот од Амстердам иако имаше понуди и од неколку други европски клубови.

Ајакс го напуштија Френки де Јонг и Матијс де Лихт, но раководството на клубот успеа да задржи голем дел од генерацијата која ја освои двојната круна во Холандија, но и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите. Нови договори потпишаа Зијеч и Тадиќ, а Дони ван де Бек е се поблиску до останување иако водеше преговори со Реал Мадрид.

 

 

Се вчитува...