Давид Ристовски и Славе Вргов потпишаа професионални договори со АП Брера

17 годишниот Давид Ристовски од Кавадарци и 18 годишниот Славе Вргов од Струмица потпишаа професионални договори со АП Брера. Станува збор за млади и квалитетни фудбалери кои со години се во младинските погони на струмичкиот клуб а веќе добиваат шанса и во првиот тим.

Давид Ристовски кој беше дел од првиот тим на подготовките во Анталија, на одиграните контролки покажа одлични перформанси, а во дуелот со украинскиот состав Верес постигна и гол. Давид е член и на селекцијата У18 на Македонија.

Голманот пак Славе Вргов освен што брани за ФК Брера тој е дел и од младинските репрезентции на Македонија. Лани беше чувар на мрежата на селекцијата до 18 години.

Се вчитува...