Лидерот во Втората македонска фудбалска лига, ГФК Охрид продолжува со составувањето на тимот за пролетниот дел од сезоната во кој единствена цел е пласман во елитата следната сезона.
20-годишниот Давид Серафимов е новото засилување на тимот покрај езерото. Тој доаѓа од екипата на Шкупи. Давор настапува на бековските позиции, а во својата кариера покрај екипата на Шкупи има настапувано и за екипата на Вардар.
Серафимов е младински репрезентативец со околу 20 настапи за македонската селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

