Манчестер сити славеше рутинирана победа на гостувањето во Стоук со резултат од 2-0. Капитенот Давид Силва во два наврати го совлада Џек Батланд и со новите три бода „граѓаните“ се се поблиску до пехарот во најелитниот англиски шампионат.
Шпанскиот плејмејкер прво стрелаше во воведните 10 минути од средбата, а потоа во 50. минута од второто полувреме ја запечати судбината на Стоук. „Граѓаните“ можеа да постигнат уште некој погодок, сепак во остатокот од мечот не дојде до промена на резулатот.
По овој триумф Сити има 81 бода по одиграни 30 кола. На екипата која ја предводи Пеп Гвардиола им се потребни уште две победи во Премиер – лигата за математички да ја осигураат титулата. Стоук пак, го забележа 15. пораз сезонава и се повеќе тоне кон дното заканувајќи им се елиминација од елитата во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА