Шпанецот Давид Силва ќе биде нов капитен на актуелниот англиски шампион Манчестер Сити. Фудбалерите го избраа Силва кој ќе биде замена за Белгиецот Венсан Компани кој го напушти клубот, враќајќи се во Андерлехт. Негови заменици ќе бидат Фернандињо и Кевин де Бруин.
Давид Силва ќе ја игра 10-та сезона и последна сезона во клубот. Досега има одиграно 284 натпревари на кои постигна 54 гола. Манчестер Сити одбраната на титулата ја почнува нагости против Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА