Давид Силва става крај на богатата кариера

Искусниот фудбалер од средниот ред, Давид Силва на почетокот на оваа седмица забележа тешка повреда на предните вкрстени лигаменти која се очекува да стави крај на неговата богата кариера, откриваат шпанските медиуми.

Според првите прогнози 37-годишникот го очекува долг период на рехабилитација и нема да може да му помогне на Реал Сосиедад во текот на целата сезона.

Силва важи за еден од најдобрите шпански фудбалери кој репрезентативниот дрес го носеше од 2006 до 2018 година. Со „црвената фурија“ освои две шампионски титули на европските првенства, а во 2010 година беше и светски првак.

Професионалната кариера ја започна во Валенсија, а покрај Реал Сосиедад со успех настапуваше и за Манчестер Сити од 2010 до 2020 година, предводејќи ја новата ера на „граѓаните“ со четири шампионски титули, две титули во ФА купот и пет во Лига купот.

Се вчитува...