Фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва на крајот на сезоната би требало да ги напушти „граѓаните“ и да премине во редовите на Интер Мајами, клуб во кој е сопственик Дејвид Бекам.
Силва следното лето станува слободен фудбалер, а веќе неколку пати потврди дека тој нема да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Англија. Одличниот Шпанец на „Етихад“ е од 2010 година кога стигна од Валенсија за 26 милиони фунти.
Интересно е што Интер Мајами следната сезона ќе биде новајлија во МЛС лигата, а моментално на ростерот имаат само тројца фудбалери. Сепак, се очекува до крајот на сезонава во МЛС, Дејвид Бекам со соработниците да го комплетираат клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА