Македонскиот интернационалец во дресот на Дендер Давид Тошевски, го постигна четвртиот гол сезонава во Белгија, носејќи еден бод за неговиот тим на гостувањето кај Мехелен.
Мехелен имаше предност уште од 8. минута, а Тошевски во 61. минута успеа да го израмни резултатот, и да донесе бод за својот тим. Во текот на натпреварот Македонецот доби и жолт картон.
Тошевски ја напушти играта во 77. минута од средбата. Неговиот Дендер и натаму е последнопласиран на табелата со 13 бодови, или четири помалку од претпоследниот Серкл Бриж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

