Давид Тошевски е играч на колото во австриската Бундеслига!

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски е избран за играч на колото во австриската Бундеслига.

По извонредниот натпревар за својот Клагенфурт и постигнатиот хет-трик во победата од 3-2 против Хартберг, Тошевски е сосема очекувано избран за најдобар фудбалер на колото во Австрија.

Македонскиот напаѓач има и највисока оценка од сите избрани во тимот на колото во австрискиот шампионат. Тошевски претходно беше и во избраниот тим на ФИФА меѓу највисоко оценетите напаѓачи изминатиов викенд на европските фудбалски терени.

Се вчитува...