Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски, конечно, се најде во игра за Ростов после 2,5 години. Офанзивниот играч во август 2020 година потпиша петгодишен договор со рускиот клуб, но по само шест месеци заминиа на позајмица во Тамбов, а беше на позајмица и во Горник Забрзе и Михаловце.
Тошевски вчера играше за Ростов, откако влезе од клупата во последните мигови и тоа на дуелот со Зенит кој заврши без голови.
Последен настап за Тошевски беше на 8. ноември 2020 година, кога влезе во 83. минута во Москва на дуелот со ЦСКА. Од тогаш па наваму не заигра за клубот, а неколку пати се најде на клупата за резерви. Откако мина низ позајмици, тој се врати во Ростов во јуни 2022 година, но играше за вториот тим на Ростов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА