Давид Тошевски повторно стрелец за А. Клагенфурт – Петти гол пролетва во Австрија

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски стрелец на уште еден погодок во австрискиот шампионат во пролетниот дел од сезоната.

Тошевски погоди за Австрија Клагенфурт на дуелот против ЛАСК кој неговата екипа го загуби со 1-3.

Македонскиот напаѓач погоди во 31. минута од средбата за 1-2 во тие моменти на дуелот.

Ова е петти гол пролетва за Тошевски во австриското првенство, по претходниот хет-трик на дуелот против Хартберг.

Се вчитува...