Повремениот македонски репрезентативец Давид Тошевски, ќе ја продолжи кариерата во Белгија, и ќе потпише договор со тимот на Дендер, кој се натпреварува во најсилната лига на оваа земја.
Последнопласираниот тим на табелата со само два бода гледа надеж во Тошевски дека може да го избегне најлошото во оваа сезона. Во Белгија досега се одиграни осум кола.
Тошевски досега настапуваше за Австрија Клагенфурт, а откако тимот испадна од лигата, македонскиот голгетер стана слободен агент. Во минатото беше дел од Ростов, од каде минуваше на позајмици во Тамбов, Горник Забрже и Земплин Михаловце. Минатата година пола година мина во хрватски Шибеник. За сениорската репрезентација на Македонија, Тошевски запиша само еден настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

