Дармштад подготвува понуда за Тошевски?

По испаѓањето на Австрија Клагенфурт од првата австриска лига, Давид Тошевски сега е слободен играч, и кариерата би можел да ја продолжи во Германија. Дармштад, членот на втората Бундеслига е заинтересиран за да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови, откако заврши со ангажманот во Австрија.

Германскиот тим во следните денови ќе испрати понуда за неговиот потпис, и голема е веројатноста некогашниот фудбалер на Работнички и на Ростов да се пресели во Германија.

Се вчитува...