Давидовац е пред камбек во Црвена Звезда

Дејан Давидовац ќе биде првото засилување на Црвена Звезда за новата натпреварувачка сезона откако белградскиот тим влезе во завршна фаза од преговорите со крилниот кошаркар.

Давидовац беше стандарден член во тимот на „црвено-белите“ помагајќи во освојувањето на трофеите во последните години, пред лани да се реши за меѓународен предизвик прифаќајќи ја понудата на Црвена Звезда. Српскиот репрезентативец имаше просек од 7,7 поени и 3,6 скокови по натпревар во дресот на ЦСКА, но сега е решен да си замине од овој тим и повторно да го облече црвено-белиот дрес на белградскиот клуб.

Тој е вториот српски кошаркар кој летово заминува од екипата што ја води македонскиот стратег Емил Рајковиќ, откако центарот Милутинов вчера го комплетираше трансферот во таборот на Олимпијакос.

Се вчитува...