Давидовски е број 1 на виртуелната трка во Белгија

Коронавирусот ги замрси сметките и на организаторите на TCR Europe, па наместо вистински сега се организираат виртуелни трки. Во последната трка блесна Македонецот Виктор Давидовски, кој оствари најдобро време „возејќи“ на патеката Золдер во Белгија.

Тоа беше втора трка на оваа патека во организација на TCR Europe a PPS Racing Тeam за кого вози Давидовски покажа целосна доминација, триумфирајќи по 14 извозени кругови.

Претходната недела се возеа две трки во Италија, каде Давидовски го освои 5. и 9. место. Но, македонскиот возач постојано покажува дека има квалитет и пред се мотив за докажување.

Се вчитува...