Третиот викенд на ТЦР Европа се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија, каде што повторно е предвидено најдобрите пилоти од Стариот континент да возат заедно со учесниците од ТЦР Светската серија.
Новиот формат во борбата за светската титула предвидува ТЦР Светската серија да се вози заедно со повеќе различни ТЦР првенства, а на крајот од годината да се направи посебен настан на кој што право на учество ќе добијат 60 најдобри возачи, кои ќе се борат за светската круна.
Меѓу нив со свои шанси е и македонскиот возач Виктор Давидовски, кој на денешните квалификации на Спа Франкоршамп го освои петтото место во конкуренција на возачите на ТЦР Европа, додека меѓу сите 23 уесници е рангиран на 13. место.
Првата трка се возеше денеска, а втората ќе биде утре со почеток од 12.40 часот, а ќе се емитуваат на „Телевизија 24“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА