Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, доби отказ од клубот Банијас. Причината за отказот е неговото враќање во Македонија да ја води репрезентацијата на претквалификациите за ЕП 2021. Давитков кон средината на ноември се врати во Скопје каде ја водеше нашата селекција до две победи во низа против Словачка и Швајцарија, а на својот „фејсбук“ профил истакна дека ја направил вистинската одлука.
„Клубот може да го раскине договорот со мене бидејќи сум бил да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Го почитувам тоа, но сега повторно да одлучувам, одлуката ќе биде иста. Клубови имало многу и уште многу ќе има, но само една е репрезентацијата на Македонија“, напиша Давитков на „фејсбук“.
Македонскиот стратег кон почетокот на минатиот месец стапи во соработка со екипата од Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА