Давитков: Добро е што се пласиравме, но треба да се замислиме…

Македонскиот селектор Јорданчо Давитков има причина за разочараност поради слабата игра и двоцифрениот пораз во Романија, иако за среќа тој не се покажа кобен за нашиот пласман во главните квалификации за Евробаскет 2021. Главната цел е исполнета – првото место во групата е осигурано, но очајното издание во Плоешти е доволно предупредување во пресрет на дуелите во вториот дел од годинава, против далеку посериозни ривали од Романија и од Косово.

„Она што го зацртавме – го остваривме со пласманот во квалифиакциите. Игравме добро се до овој денешен дуел, на кој бевме под своето ниво. Не стануваше збор за опуштање, едноставно не влеговме во посакуваниот ритам бидејќи не се адаптиравме на агресивната одбрана на противникот. Ова беше клучен меч за нив и сторија се што можеа за да дојдат до „плус 15“, ни создадоа многу проблеми, како со играта во одбрана, така и со офанзивниот скок, фаќајќи дури 20 топки под нашиот кош. Како што реков, добро е што се пласиравме, но дефинитивно треба добро да се замислиме пред главните квалификации за Евробаскет 2021“ – изјави селекторот Давитков за ЕКИПА.

Се вчитува...