Давитков: Нападот беше ОК, проблеми во одбраната, но најважно е првото место

Селекторот Јорданчо Давитков немаше причина за задоволство од настапот на македонската репрезентација на денешниот дуел во Фрибург и претрпениот пораз од 85-79 од селекцијата на Швајцарија. Сепак, тој потенцираше дека најважно од се е што беше осигурано првото место во групата, признавајќи дека очекува многу подобри изданија на наредните натпревари.

„Пред се честитки до составот на Швајцарија за заслужената победа. Овој тим беше поразличен од оној што играше во Скопје, имаше четири нови играчи кои одиграа добро. Ние не бевме на нивото на кое што требаше да бидеме во првата четвртина. Потоа се враќавме, успеавме и да поведеме, но не и да ја задржиме предноста до самиот крај. Во нападот бевме добри, во одбраната имавме многу проблеми, швајцарскиот состав повеќе ја посакуваше победата и заслужено славеше. Како и да е, најважно е што успеавме да го освоиме првото место во групата, јасно ни е дека мораме да се подготвиме за наредните квалификации. Важно ќе биде да сме комплетни, тоа ќе даде дополнителен квалитет во нашата игра во следниот период“ – изјави Давитков.

Се вчитува...