Давитков: Не сакаме други да одлучуваат за нас…

Македонскиот селектор Јорданчо Давитков не го криеше задоволството по денешниот триумф над Косово, со кој нашата репрезентација успешно го стартуваше вториот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2021. Оваа победа е лек за „раните“ од ланскиот пораз во Приштина, но Давитков посочи дека не го користел тој неуспех за да извлече дополнителна мотивација од своите избаници.

„Не размислувавме за одмазда, туку само за тоа да одиграме што подобар натпревар, нормално дека сме среќни бидејќи ова е слатка и значајна победа. Одигравме добро за овој период од годината, бевме борбени и агресивни иако беше очигледно дека на играчите им недостигаат натпревари бидејќи сезоната уште не е стартувана. Бевме солидни во дефанзива, но немавме одговор за Бериша, кој даваше чудни кошеви од далечина. Во финишот мечот неочекувано излезе од контрола, но успеавме да ја задржиме предноста и да триумфираме. Нема многу време за славје, пред нас е мечот со Романија, на кој победа ќе значи и големо приближување до наредната фаза. Не сакаме други да одлучуваат за нас како што тоа беше лани со Косово и Естонија, затоа денешната победа е толку значајна“ – изјави Давитков по вечерашниот натпревар во Приштина.

 

Се вчитува...