Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков може да биде задоволен од прикажаното на неговите избраници на првиот натпревар од „Трофеј Македонија“ против Португалија.
Иако нашиот национален тим не можеше да смета на Џордан Теодор, квалитетната одбрана ја осигура првата победа на турнирот. Сепак, Давитков смета и дека треба да се поправат неколку сегменти во нападот.
„Сметам дека игравме доста добро во одбраната. Делувавме агресивно, но пред се’ дисциплинирано, бевме максимално фокусирани. Но, колку што игравме добро во одбрана, исто толку имавме проблеми во нападот. Имавме многу отворени шутеви кои не ги реализиравме. Во првото полувреме направивме дури 12 грешки, што е многу за еден ваков сериозен натпревар. Процентот на шутот беше исклучително слаб, но се надеваме дека ќе ни послужи кога најмногу ќе треба. Сепак, задоволен сум од ангажираноста на играчите во дефанзивата, а за нападот, ќе работиме уште многу за да се подобриме“, истакна Давитков по натпреварот со Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА