Македонскиот кошаркарски селектор Јорданчо Давитков се враќа во Кувајт и во наредната сезона ќе биде тренер на Кадсија. Тој се враќа на местото на успехот по седум години, со оглед дека за овој клуб го врзуваат многу убави спомени.
Давитков има освоено три шампионски титули со Кадсија во својата прва мисија во клубот, а тоа беше препорака за раководството на клубот повторно да го ангажира. По убавата епизода во Кувајт, Давитков имаше тренерски ангажмани и во Обединетите Арапски Емирати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА