Македонската кошарка изминативе години се соочува со еден од најтешките периоди во својата историја. Сето тоа лето беше надополнето и со дебаклот кој го доживеа нашиот национален тим кој не успеа да ги мине претквалификациите за СП 2019, освојувајќи го третото место во групата со Естонија и Косово.
Огромно е разочарувањето кај македонската спортска јавност по сите случувања, но селекторот Јорданчо Давитков очигледно сака да остане со позитивна мисла околу иднината на македонската кошарка, верувајќи дека може и да се најде „светлината на крајот на тунелот“…
По вчерашната победа на Косово над Естонија која значеше крај на нашите надежи за продолжување во квалификациите за СП 2019, Давитков на својот фејсбук профил објави порака: „Тешките ситуации создаваат јаки личности“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА