Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако денеска во првиот меч од четвртфиналната понуда на Ф8 турнирот кој се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола славеа над Гостивар со убедливи 91-76.
По натпреварот тренерот на гостиварци Јорданчо Давитков изјави дека е заслужена победата на противникот кој во моментов е многу подобар.
„МЗТ е подобра екипа од нашата, а посебно тоа што имаме мала ротација беше клучно. Дадовме максимум додека можевме, во тие први 15 минути, а потоа следеше падот. Им честитам победа и и им посакувам успех во иднина“, изјави Давитков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА