Давитковски останува верен на РК Бутел

Десниот бек на македонскиот ракометен суперлигаш Кристијан Давитковски го продолжи договорот со тимот на Бутел Скопје за уште две сезони.

Давитковски ја игра втората сезона во скопскиот клуб и верува тоа е вистинската средина за него.

„Одлучив да го продолжам договорот со Бутел Скопје. Станува збор за амбициозен клуб, одлична средина за мене, овде сум веќе две сезони и знам дека можам уште повеќе да напредувам во кариерата“, изјави Давитковски по потпишувањето на новиот договор.

Бутел до крајот на сезоната го очекува голема борба за четвртото место кое следната сезона води во Европа.

 

Се вчитува...