Чуварот на мрежата на Брегалница, Мартин Давков верува дека неговиот тим може до посакуваните бодови на неделното гостување против Тиквеш во Кавадарци во новиот натпревар од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
Пресметката меѓу двете екипи секогаш будела силен интерес меѓу навивачите, па Давков е сигурен дека ќе има квалитетна претстава со убав фудбал.
„Во Кавадарци ќе дадеме се од себе да ги потврдиме нашите квалитети и очекувам натпреварот со Тиквеш да биде брз и динамичен, одличен за гледање затоа што и двете екипи негуваме таков ритам и сакаме да играме фудбал. Се надевам дека ќе има публика од двата табора, како и присуство на навивачките групи ‘Фаланга’ и ‘Лозари’ кои даваат уште поголем мотив за нас актерите на теренот. Сепак фудбалот се игра за навивачи, за оние кои цело време се покрај нас и ни даваат поддршка во сите моменти. Ние, како и на секој натпревар ќе атакуваме на трите бода и сметам дека со дисциплинирана игра и исполнување на зададените задачи од шефот на стручниот штаб, на крај ќе дојдеме до посакуваните три бода во Кавадарци” – вели голманот на штипските „сини“ Мартин Давков кој минатата сезона ги бранеше боите токму на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

