ЕКИПА во Малта,
Горан Бошев
Столе Димитриевски поради болка во грбот, по повредата здобиена на мечот со Италија, нема да биде во комбинација за настап против Малта на утрешниот натпревар во квалификациите за ЕП 2024.
Селекторот Благоја Милевски, на негово место, дополнително го повика Давор Талевски во А селекцијата.
Голманот на Шкендија веќе пристигна во Малта и ќе биде на официјалниот тренинг денеска од 19 часот, заедно со тимот.
28-годишниот Талески е поранешен голман на 11 Октомври, Победа, Металург, Брегалница, Пелистер и Струга ТЛ во македонскиот шампионат, како и за грчка Лариса и Хонка во Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА