Повремениот македонски репрезентативец и член на АЕЛ Лимасол, Давор Здравковски во летниот преоден рок ќе има нов клуб. Неговиот договор со кипарскиот тим истече, и тој сега ќе бара нова средина. Според кипарските медиуми, пропаднаа сите обиди на тимот да му го обнови договорот, со оглед дека тој изрази желба да ја смени средината.
За Здравковски има интерес од Кипар, но веројатно сега ќе се обиде во некоја друга земја, со оглед дека веќе шест години беше дел од АЕЛ. Во минатото беше дел од Макеоднија ЃП.
Здравковски беше повикан за националниот тим на Македонија за квалификацискиот меч со Малта во март. Во минатото го носеше дресот на младата селекција на Македонија, каде беше неизоставен дел и капитен на таа селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА