Играчот од средниот ред и повремен репрезентативец на Македонија, Давор Здравковски и идната сезона најверојатно ќе остане во Шкотска. Според последните информации, тој следните денови ќе треба да потпише за тимот на Сент Мирен.
Здравковски досега беше дел од Мадервил, каде настапуваше во последните две години. Остана без клуб откако му истече договорот, а сега е пред нов договор во шкотската Премиерлига.
Тој во минатото беше дел од Македонија ЃП, од каде во 2017 година направи трансфер во АЕЛ Лимасол, каде настапуваше шест години, пред да се пресели во Мадервил.
Здравковски беше дел од младинските репрезентации на Македонија, но и натаму нема официјален настап за А селекцијата на нашата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

