Повремениот македонски репрезентативец Дарко Здравковски повторно се враќа во дресот на кипарскиот АЕЛ Лимасол.
27-годишниот Здравковски по две години минати во шкотски Мадервил, сега повторно се враќа во АЕЛ Лимасол каде успешно настапуваше во периодот од 2017 до 2023 година.
Македонскиот фудбалер во 2019 година со АЕЛ го освои и кипарскиот Куп.
„Трансферот ќе биде завршен по завршување на потребните медицински прегледи. Повторно го поздравуваме Давор во големото АЕЛ семејство и му посакуваме нови успеси во сино-жолтиот дрес“ – информираа од АЕЛ Лимасол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

