Плејмејкерот на Сакраменто Кингс Де Арон Фокс е првиот добитник на новото признание во НБА кое се доделува на најдобриот играч во клучните моменти од играта, таканаречената „клач награда“, која го носи името на легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Џери Вест.
Во описот на наградата стои дека таа се доделува на играчот кој има решено најмногу натпревари во завршницата. Фокс убедливо го освои првото место со 460 поени, а на прво место го рангираа 91 од 100 гласачи. Кошаркарот на Мајами Хит Џими Батлер заврши на второто место со 104 поени, а Демар Дероузен од Чикаго Булс беше трет со 80 поени.
Сите ситуации кога разликата помеѓу две екипи е пет поени или помалку во последните пет минути од натпреварот се сметаат за блиски завршетоци или „клач“. Фокс оваа сезона во вакви ситуации постигна вкупно 194 кошеви, а три пати во текот на сезоната постигна победнички кош во последните секунди од натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

