Де Бруине доби повик од Астон Вила

Фудбалерот на Манчестер Сити во заминување, Кевин Де Бруине, би можел да направи изненадувачки потег на крајот од сезоната и да ја продолжи кариерата во Астон Вила, пишува британски „Скај“.

Истиот извор наведува дека еден од најжешките клубови во Премиер лигата веќе водел интерни дискусии за можноста за ангажман на Де Бруине, што е прв чекор кон доведување на играч кој бесплатно би дошол на „Вила Парк“.

Договорот на искусниот белгиски фудбалер со Сити истекува на 30 јуни, а оваа пролет беше објавено дека нема да ја продолжи соработката со актуелниот англиски шампион, бидејќи тоа не му било ниту понудено.

И покрај шпекулациите во деновите по објавувањето на заминувањето на Де Бруине дека Белгиецот ќе ја продолжи кариерата во МЛС или на Блискиот Исток, фактот што тој е на Островот веќе една деценија, а неговото семејство се приспособи на животот во Англија, предизвика сериозни шпекулации за можноста тој и натаму да остане во Премиер лигата.

Се вчитува...