Де Бруине добива статуа пред „Етихад“

Статуа на легендарниот белгиски фудбалер Кевин де Бруине ќе се појави пред стадионот „Етихад“ на Манчестер Сити .

Ова стана факт откако Белгиецот го одигра својот последен натпревар во спортскиот објект со „дресот“ на граѓаните во победата од 3:1 против Борнмут во натпреварот од 37-то коло од англиската Премиер лига.

Де Бруине се претвори во легенда на Манчестер Сити, откако од просечен тим го претвори во глобален гигант, со кого ги освои сите можни титули.

Моментално во близина на стадионот се наоѓаат статуи на Компани, Силва и Агуеро.

Се вчитува...