Манчестер Сити забележа уште една значајна победа во трката за Топ 5 и место кое води во ЛШ следната сезона откако „граѓаните“ славеа на домашен терен над Вулверхемптон со 1-0.
Многумина очекуваа и полесен триумф, но најважно за тимот на Пеп Гвардиола сепак е што денеска се покажа во одлично светло кога станува збор за дисциплината во одбраната, нешто што им недостигаше на „граѓаните“ во долги периоди од оваа сезона.
Еден потег беше сосема доволен за победа, Кевин де Бруине беше херојот откако Белгиецот стрелаше прецизно на асистенција на Доку, на својот претпоследен меч на „Етихад“ во пресрет на најавеното заминување од Сити на крајот од сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

