Кевин де Бруине јасно стави до знаење дека се целосно смирени страстите по малиот конфликт со Антонио Конте на дербито со Милан, откако Белгиецот повторно беше стартер против Спортинг Лисабон и токму по неговите две асистенции Расмус Хојлунд ги постигна головите за првата победа на Наполи во ЛШ сезонава.
Белгиецот не го криеше задоволството од конечниот исход, а на новинарско прашање одговори и за ситуацијата со Конте, откако Де Бруине бурно реагираше откако беше заменет при поразот од Милан минатиот викенд.
„Мислам дека одигравме добар меч како тим. Спортинг исто така одигра квалитетно, успеа да израмни на 1-1, но ние најдовме сили да постигнеме и втор гол. Верувам дека ја заслуживме оваа победа. Вистината е дека јас никогаш немав проблем со Конте, без оглед на се што се пишуваше минатите денови. Јас сум роден победник и некогаш реагирам бурно затоа што сакам секогаш да победам, тоа нема никаква врска со тренерот. Низ кариерата секогаш сум ги почитувал тренерските одлуки, така е и сега со Конте. Се што сакам е да играм фудбал и да се забавувам“, прокоментира Кевин де Бруине по синоќешната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

