Де Бруине го избра новиот клуб, оваа недела лекарски прегледи и потпис

Кевин де Бруине го постигна победничкиот гол за Белгија на синоќешниот трилер-дуел со Велс, а по завршувањето на репрезентативните обврски извонредниот плејмејкер ќе ги разреши и сите дилеми околу клупската иднина.

Де Бруине нема да патува со Манчестер Сити на клупскиот мундијал и од 1 јули ќе стане слободен играч, а негов нов тим ќе биде италијанскиот првак Наполи. Легендата на Сити имаше на маса и понуди од Саудиска Арабија и од американската МЛС-лига, но на 33-годишна возраст сака на сите да им докаже дека се уште може да игра на највисоко ниво во Европа.

Наполи уште пред еден месец водеше интензивни преговори, за Де Бруине и официјално да ја прифати понудата на Де Лаурентис, за двогодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона (плата плус бонуси).

Белгиецот во следните денови ќе отпатува за Рим каде ќе ги изврши деталните лекарски прегледи, а доколку се мине во најдобар ред тој потоа ќе замине за Неапол, на потпис и официјална промоција во новиот клуб.

Се вчитува...