Елиф Елмас беше меѓу најстандардните фудбалери на Наполи во последните месеци, македонскиот „дијамант“ често и јавно добиваше пофалби од тренерот Конте, но информациите од Италија говорат дека трофејниот стратег се подготвува да го пресели Елмас на клупата за резерви.
Причина – камбекот на Кевин де Бруине кој на последниот дуел со Лече влезе во игра на стартот од второто полувреме токму на местото на Елмас, а на претстојниот дуел со Калјари белгискиот генијалец е најавен како стартер, заземајќи го местото во тимот што во изминатиот период му припаѓаше на Елиф.
Проблемите со повредени играчи на Антонио Конте се намалија, покрај Де Бруине во тимот се врати и Мектоминеј, двајцата немаат играно заедно уште од крајот на месец октомври.
„Наполитанците“ ќе тргнат со овој тандем во средниот ред против Калјари, Елмас е најавен како сигурна резерва за овој натпревар, па останува да се види колкава минутажа ќе добива македонскиот ас во наредниот период, во коој ќе треба и да го убеди Наполи да го откупи неговиот договор со Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

