Англиските премиерлигаши за разлика од шпанските клубови не се обврзани да имаат клаузули во договорите со фудбалерите, но Кевин де Бруине сепак е еден од оние кои инсистирал на такво нешто при потпишување на новиот договор со „граѓаните“ пред извесно време. Јасно е дека Пеп Гвардиола не ни помислува да го продаде белгискиот генијалец, но трофејниот стратег самиот обелодени дека Де Бруине е достапен за трансфер дури и без согласност на Сити, доколку некој клуб ја активира клаузулата од 250 милиони евра за да го доведе во своите редови.
„Кевин де Бруине е неверојатен играч, преинтелигентен за читање на играта и за организација. Тој врши многу работи за нас и нормално е да не сакаме да го продадеме. Има клаузула од 250 милиони евра, ако некој го сака ќе мора да ја плати, но и да го убеди дека подобро за него ќе биде да си замине од Манчестер“ – истакна Гвардиола.
Манчестер сити плати 55 милиони фунти за да го доведе Белгиецот од Волфсбург, па ваков мегатрансфер би значел огромна заработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА