Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација Кевин де Бруине по пласманот во осминафиналето на Европското првенство во Германија изјави дека неговата репрезентација нема да биде фаворит во мечот со Франција во осминафиналето.
Тој вели дека е среќен што се квалификуваа во нокаут фазата, но дека можеле да бидат поефикасни во групната фаза.
„Нема да бидеме фаворити против Франција, но знаеме дека треба да одиграме најдобро на турнирот. Среќен сум што сме квалификувани во нокаут фазата. Заслуживме да победиме. Почнавме добро со притисок на нивната половина, но ефикасноста ја немаше. Не секогаш функционираше добро во нападот и покрај големиот број шутеви кои ги имавме“, изјави Де Бруине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА