Договорот на Кевин де Брујне со Манчестер Сити истекува во 2025 година со што веќе започнаа гласини за крај на една ера во која белгискиот репрезентативец се наметна како еден од најзначајните фудбалери во историјата на „граѓаните“.
Гласините го испратија 33-годишникот во Саудиска Арабија од каде се очекува мега понуда за која сега говореше и самиот Де Брујне.
„Дали ќе останам во Сити? Тоа е опција. Имам прочитано многу наслови за трансфер во Саудиска Арабија, но јас не сум разговарал за тоа со никого. Ако добијам добра понуда, тогаш се е можно, но јас никогаш не сум кажал дека сакам да заминам.
Имам повеќе од доволно пари. Но, ако ми понудат некоја апсурдна сума, тогаш ќе морам да размислувам и за моето семејство, за роднините, внуците, правнуците, па и за моите пријатели“, вели Де Брујне.
Де Брујне во Манчестер Сити заработува плата од 21 милион евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА